+389 78 266 604 elenachikos@gmail.com

Партнерска терапија

Партнерската терапија е патување на двајца партнери кон подобрување на нивната врска, зголемување на задоволството од врската и наоѓање на хармонија. Без разлика дали се соочувате со комуникациски проблеми, конфликти, осаменост во врската, недостаток на интимност или кај вас се случуваат големи животни промени, партнерската терапија е тука да ви помогне заедно да ги надминете предизвиците.

Во партнерската терапија, вие и вашиот партнер ќе работите заедно со стручен терапевт за да ги истражите вашите чувства и да ги подобрите вашите односи. Сесиите нудат безбедно место каде што партнерите можат отворено да ги изразат своите мисли,  чувства, недоразбирања, минати искуства и трауми, потреби и желби. Терапевтот ќе ве води низ процесот на подобрување на комуникацијата, решавање на конфликтите, зголемување на блискоста и наоѓање на здрави обрасци на функционирање со кои ќе ја зголемите отпорноста и ќе научите да “пливате” низ промените кои доаѓаат.

Со заеднички напори преку партнерската терапија, тука сум да ви помогнам да го најдете патот до подобро разбирање и поголема хармонија во вашата врска.

 
 
 
 
 

Услуги

Online терапија

Со развојот на технологијата добивме нов, современ пристап кон менталното здравје, кој ви овозможува да добиете поддршка и совети од удобноста на вашиот дом.

Прочитај повеќе

Walk&talk;

Walk and Talk терапијата е терапевтско искуство во природна околина, каде што ги спојуваме физичката активност и личните разговори за да ги подобриме вашите ментални и емоционални состојби

Прочитај повеќе

Групна терапија

Групната терапија е вашата можност да се поврзете со други кои поминуваат низ слични предизвици. Во поддржувачка и доверлива средина, заедно со стручен терапевт, ќе споделувате искуства и ќе учите едни од други.

Прочитај повеќе

Партнерска терапија

Партнерската терапија е патување на двајца партнери кон подобрување на нивната врска, зголемување на задоволството од врската и наоѓање на хармонија.

Прочитај повеќе

Индивидуалната психотерапија

Преку индивидуална терапија, исто така може да работите на релациите со другите, особено со важните личности во вашиот живот.

Прочитај повеќе

Семејна терапија

Во сесиите, секој член на семејството ќе има можност да го изрази своето мислење и да биде слушнат.

Прочитај повеќе