Со развојот на технологијата добивме нов, современ пристап кон менталното здравје, кој ви овозможува да добиете поддршка и совети од удобноста на вашиот дом. Без разлика каде се наоѓате, можете лесно да се поврзете со стручен терапевт преку видео повик, телефон или текст. Искуството од Ковид кризата ни покажа нови начини на кои можеме да останеме во контакт едни со други и да ја развиеме терапевстката пракса во виртуелниот простор.
Online терапија функционира така што во договор со терапевтот закажувате сесии кои одговараат на вашето време и удобност. Преку видеоповик на сигурни и доверливи платформи разговараме за вашите предизвици, цели, тешкотии исто како и терапијата во живо.
Online терапијата ви овозможува поголема флексибилност, достапност и удобност односно можност да закажете сесии кога и каде ви одговара и можност да го изберете вашето сигурно место од каде ќе се чувствувате безбедно во разговорот со терапевтот. Доколку сте отпатувале во странство и не сте во можност да остваритее средба во живо со терапевтот, online терапијата е идеално решение за вас. Ваквата форма на терапија ви нуди можност да работите на вашето ментално здрваје на начин кој е удобен и лесно одстапен