+389 78 266 604 elenachikos@gmail.com

Летото како можност: Време за одмор, себе-грижа и унапредување на менталното здравје

Летото често го поврзуваме со одмор, плажа, патувања, леснотија. Но истовремено тоа е и период кога рутините се менуваат, обврските забавуваат, а времето за себе станува подостапно. Во таа слобода се отвора и простор за еден повик: да се посветиме на своето ментално здравје.

Прекин на рутина – простор за нови навики

Летниот период често значи пауза од училиште, флексибилно работно време или одмор. Во летниот период се случува природен „ресет“ кој не повикува да забавиме, да се повлечеме и да ги преиспитаме нашите навики и секојдневни рутини. Овој период е одлична можност да внесеме нешто ново – како, на пример, секојдневна прошетка, повеќе време поминато со пријателите и семејтвото, периоди без екран, водење дневник на чувства и настани. Менувањето на надворешната динамика може да биде почетна точка за внатрешна промена.

Сонце, движење и природа – сојузници на менталното здравје

Поголемата изложеност на сончева светлина помага во подобрување на расположението што е директно поврзано со зголеменото лачење на серотонин.  Исто така, движењето и престојот во природа имаат докажани ефекти врз намалување на анксиозност и стрес. Патувањето го поттикнува чувството на слобода и надеж. Летото нуди услови кои природно ја поддржуваат грижата за себе.

Но важно е да препознаеме и дека не за секого летото значи одмор и безгрижност. Доколку немаме финансиски, временски или емоционални ресурси за летни активности или одмор, можеме да почувствуваме дополнителен стрес, вина или осаменост – особено кога општеството често ја наметнува идејата за “совршено лето”. Овие чувства се валидни и заслужуваат простор. Грижата за себе не мора да изгледа како патување или одмор – понекогаш е доволно да си дадеме дозвола за пауза, за простор без обврска, за мир во секојдневното.

Поврзување со себе и другите

Помалку обврски значи повеќе простор за разговори, споделување, длабоки средби. Летото може да биде време за рефлексија: Како сум? Што ми треба? Во кои релации се чувствувам пријатно? Кои односи ми носат добрина? Кои активности сакам почесто да ги правам, а кои можам да ги одложам или прекинам?

Враќањето кон себе е добра можност за поврзување со терапевт или вклучување во некоја форма на психолошка поддршка. Започнување на психотерапевтски процес или процес на личен раст и развој индивидуално или во група е одлична можност за исполнување на летните денови и продлабочување на чувството на себе ефикасност, среќа и лична слобода.

Време за мали чекори – без притисок, но со намера

Унапредувањето на менталното здравје не значи драстични промени. Летото нека биде почеток на нешто ново: една утринска рутина, една вежба за самосвест неделно, едно “не” каде што порано било “да”. Малите чекори создаваат стабилност и психолошка сила.

Како да се грижиме за менталното здравје во лето?

  • 🌿 Оди надвор секој ден. Дури и 20 минути дневно на свеж воздух, под сонце или во сенка под некое дрво, може да го подобрат расположението.
  • ✍️ Води дневник на мисли и чувства. Запиши што чувствуваш, што ти годи, а што те оптоварува. Пишувањето носи олеснување.
  • Предизвикај се себе си. Дозволи си себе си да доживееш нови искуства колку е можно повеќе. Некои искуства ќе бидат сосема нови, но и старите рутни пробај да ги модифицираш на нов начин.
  • 📵 Намали го времето пред екраните. Постави си дигитални граници и забележи како се менува твоето расположение. Доколку си љубител на филмови, замени го времето пред екраните дома со кино на отворено
  • 💧 Пази на базичните потреби. Спиење, хидратација, храна – основа за психолошка стабилност.
  • 🧘 Вежбај присутност. Пробај техники за дишење, медитација или едноставно насочено внимание на сегашниот момент.
  • 👥 Споделувај. Разговор со близок пријател или терапевт може да донесе олеснување, перспектива и чувство дека не си сам/а.
  • 🛋️ Посети психотерапевт. Летото е одлично време за внатрешна работа. Без притисок од секојдневната рутина, често сме поотворени и подготвени да ги слушнеме своите вистински потреби. Ако одамна размислуваш за терапија – ова може да биде твојот почеток.
  • 🚶‍♀️ Размисли за walk and talk терапија . Топлото време и природата создаваат идеални услови за терапија во движење. Овој пристап комбинира разговор со лесно одење на отворено, што го олеснува отворањето, ја намалува анксиозноста и ја поттикнува телесната присутност. Често, кога телото се движи, и мислите почнуваат полесно да течат.

Заклучок

Летото не мора да биде само „бегање од секојдневието“ – може да биде време кога свесно се доближуваме до себе. Во таа тишина, надвор од бучавата на секојдневието, често се појавуваат најважните прашања – и најнежните одговори.

Услуги

Online терапија

Со развојот на технологијата добивме нов, современ пристап кон менталното здравје, кој ви овозможува да добиете поддршка и совети од удобноста на вашиот дом.

Прочитај повеќе

Walk&talk;

Walk and Talk терапијата е терапевтско искуство во природна околина, каде што ги спојуваме физичката активност и личните разговори за да ги подобриме вашите ментални и емоционални состојби

Прочитај повеќе

Групна терапија

Групната терапија е вашата можност да се поврзете со други кои поминуваат низ слични предизвици. Во поддржувачка и доверлива средина, заедно со стручен терапевт, ќе споделувате искуства и ќе учите едни од други.

Прочитај повеќе

Партнерска терапија

Партнерската терапија е патување на двајца партнери кон подобрување на нивната врска, зголемување на задоволството од врската и наоѓање на хармонија.

Прочитај повеќе

Индивидуалната психотерапија

Преку индивидуална терапија, исто така може да работите на релациите со другите, особено со важните личности во вашиот живот.

Прочитај повеќе

Семејна терапија

Во сесиите, секој член на семејството ќе има можност да го изрази своето мислење и да биде слушнат.

Прочитај повеќе