+389 78 266 604 elenachikos@gmail.com

Мапа на моето јас: Градењето на личниот идентитет како патување

 

Кој сум јас? 
Прашање што сите го носиме во себе, но ретко застануваме да го истражиме свесно. Особено во периодот на растење, кога истовремено се обидуваме да бидеме „доволно добри“ во улогите што ги имаме — и да откриеме што навистина е наше. Прашање што звучи едноставно, но одговорот постојано се менува. Особено во адолесценцијата – период кога се случуваат најголемите промени во телото, мислите, односите и улогите.

Иденитетот не се „раѓа“ одеднаш. Тој е  патување  во кое истражуваме:

  • Кои вредности ми се важни?

  • Што ме прави уникатен/на?

  • Кои улоги ги имам?

  • Како се чувствувам во однос на себе?

  • Кој сакам да станам?

Што всушност е идентитет? 

Идентитетот е обид да го составиме сето тоа што нè прави  нам   автентични и единствени во овој момент. Идентитетот е спој од нашите лични карактеристки, личните интереси и аспирации, личните верувања и вредносниот систем кој го негуваме. На ова се надоврзуваат и улогите во кои секојдневно влегуваме, но и соништата и целите кон кои се стремиме.

Многу фактори го обликуваат нашиот идентитет:

  • Семејство  – Вредностите кои сме ги научилие, навиките кои сме ги стекнале, но и трансгенерациските обрасци кои сме ги моделирале во нашето однесување. Дополнително, начинот на кој членовите од семејството не доживуваат ( градат мислење за нас) влијае на начинот на кој ние се доживуваме себе си.

  • Пријатели  – Релацијата со близок пријател ни овозможува да се чувствуваме „свои на своето“, однодно да ги изразиме своите автентични карактеристики без да бидеме осудени, дури и понекогаш да бидеме охрабрени. Ни помага да истражиме делови од себе кои се помалку видливи во друг, поформален контекст.

  • Школо и социјална заедница  – Како дел од училиштето и социјалната заедница каде секојдневно делуваме, исполнуваме повеќе наши улоги - ученик, сосетка, ромка, "другар од маало" и сл, што ни овозможува да откриеме каде припаѓаме. Чувството на припадност кон определна група и/или заедница е важен дел од нашиот идентитет кој го носиме низ текот на животот.

  • Медиуми и општествени вредности  – Она што општеството го нуди како норма, како прифатливо и пожелно однесување, вредности и ставови (најчество генерализирани) лесно и брзо е пренесено преку медиумите од различен тип. Нивното прифаќање и усогласување со нашето секојдневие, но исто така неприфаќање, бунтовност и отпор кон нив, го креира нашиот идентитет преку секојдневните активности што ги правиме во согласност ( или спротивно) од нив.

  • Наши избори  – Ова се најважните делови во градење на идентитетот, особено во моментот кога се прашуваме себе си "што е правилно да направам "? Изборот кој го правиме не издвојува како автентични единки, да ги осознанеме нашите снаги, капацитети и потенцијали и ни помага да дознаеме повеќе слоеви од сопственото  јас. 

Дали идентитетот се менува?

Идентитетот е флуидна категорија. Може да се менува и тоа е добро. Она што сме денес, можеби нема да биде исто за пет години. На идентитето гледаме како  мапа на нашето јас , но таа мапа нè враќа кон себе си сега и овде, овој животен период, ден, момент. Иднината носи нови искуства, нови луѓе, нови избори — и мапата се редизајнира. Тоа значи дека развојот на идентитетот е процес, не е однапред зададена категорија туку се развива низ текот на времето низ активно учење за себе. Нема точен рецепт како се гради личниот идентитет - секој човек прави сосптвена комбинација од факторите кои влијаат. Тоа значи и дека секој човек има можност и право да се менува и обликува на свој уникатен начин. 

Запрашај се: Кој сум јас сега? 

Често, најважниот чекор е да застанеме и да погледмеме внатре во себе, да се запрашаме "Којс сум јас во овој момент"?

Тоа може да го направиме со една едноставна но моќна вежба:

ВЕЖБА: „Мапа на моето Јас“

Цел:  Да го видиме „поголемото јас“ – не само една улога, не само една емоција.

Чекор 1:  Земи лист и подели го на 4 полиња:

1.  Кои улоги ги имам?
(пример: пријател, ученик, лидер…)

2.  Работи што ми значат / ги сакам ?
(пр. љубов, поддршка, семејство...)

3.  Што знам дека правам добро?
(силни страни: хумор, истрајност, креативност…)

4.  Кои се мои вредности? 
(што е најважно за мене: искреност, пријателство…)

  Чекор 2:   Пробај да ги претставиш четирите категории преку симболи. Без многу размислување, без анализа, само дозволи раката да црта и бои. 

По желба, можеш да додадеш и  личен грб  – мала слика што те претставува во моментов, како спој од четирите претходни симболи . Тоа го прави процесот покреативен и подлабок.

 

За крај еден важен потсетник - Идентитетот се гради низ (себе)истражување

Тоа значи да експериментираш, да учиш од искуствата и да си дозволиш да не знаеш сè веднаш. Охрабри се да ги истражиш улогите и аспектите што посакуваш да бидат дел од тебе. Побарај помош и поддршка во истражувањето доколку не си сигурен во себе, психотерапијата може да ти помогне.

Пробај, ризикувај, греши — и така ќе дознаеш што навистина припаѓа на твојата мапа, а што не.

Тоа е твојата приказна!
Ти си авторот!

Услуги

Online терапија

Со развојот на технологијата добивме нов, современ пристап кон менталното здравје, кој ви овозможува да добиете поддршка и совети од удобноста на вашиот дом.

Прочитај повеќе

Walk&talk;

Walk and Talk терапијата е терапевтско искуство во природна околина, каде што ги спојуваме физичката активност и личните разговори за да ги подобриме вашите ментални и емоционални состојби

Прочитај повеќе

Групна терапија

Групната терапија е вашата можност да се поврзете со други кои поминуваат низ слични предизвици. Во поддржувачка и доверлива средина, заедно со стручен терапевт, ќе споделувате искуства и ќе учите едни од други.

Прочитај повеќе

Партнерска терапија

Партнерската терапија е патување на двајца партнери кон подобрување на нивната врска, зголемување на задоволството од врската и наоѓање на хармонија.

Прочитај повеќе

Индивидуалната психотерапија

Преку индивидуална терапија, исто така може да работите на релациите со другите, особено со важните личности во вашиот живот.

Прочитај повеќе

Семејна терапија

Во сесиите, секој член на семејството ќе има можност да го изрази своето мислење и да биде слушнат.

Прочитај повеќе