Групната терапија е вашата можност да се поврзете со други кои поминуваат низ слични предизвици. Во поддржувачка и доверлива средина, заедно со стручен терапевт, ќе споделувате искуства и ќе учите едни од други.
Во групната терапија се водам од мултидисциплинарен пристап прилагоден на членовите на групата. Некои од групите се организираат базирајќи се на специфичен проблем, доживеана траума или определена состојба која е заедничка за членовите во групата. Други пак, се организирани со учесници кои имаат желба да работата на својот личен раст и развој со цел унапредување на своето ментално здравје. Преку вклучување во групна работа вие ќе можете да добиете поддршка и разбирање од другите, да споделите и да научите од другите преку размена на искуства, да развиете нови вештини и обрасци на однесување, да го поттикнете личниот развој и унапредите менталното здравје. Групната терапија е место каде што можете да се чувствувате прифатени и поддржани додека заедно работите на вашиот личен раст и благосостојба.