+389 78 266 604 elenachikos@gmail.com

Walk and Talk терапија

Ајде да размислуваме надвор од кутијата и да ја извадиме терапевтската пракса од канцеларија! Walk and Talk терапијата е терапевтско искуство во природна околина, каде што ги спојуваме физичката активност и личните разговори за да ги подобриме вашите ментални и емоционални состојби.

Наместо да се сретнеме во стандардната средина, седејќи еден спроти друг во терапевтската канцеларија, можете да облечете спортска облека и да излеземе во природа, каде што ќе разговараме за време на прошетка. Практично, живописно и активно, истовремено со бројни придобивки за вашето физичко и ментално здравје.  За многу клиенти, одењето и зборувањето е попогоден начин да зборуваат за себе и за своите проблеми.

Престојот во природа и лежерната прошетка дополнително опушта, го поттикнува расположението и мотивацијата. За некои тешки теми или конфликти понекогаш е полесно да се размислува и зборува додека сме во движење. Во ситуации на зголемен стрес и во периоди на животни кризи, луѓето често стануваат пасивни и се чувствуваат заглавени. Физичката активност за време на walk and talk терапијата  може да биде добар начин да се поттикне човекот да се движи, и физички и психички. Walk and Talk терапијата не само што ви нуди практични совети и поддршка, туку и создава важна врска помеѓу вашето физичка и ментална благосостојба