Во сесиите, секој член на семејството ќе има можност да го изрази своето мислење и да биде слушнат. Терапевтот ве води низ процесот на разбирање на различните перспективи и пронаоѓање на заеднички јазик. Низ системски пристап ќе ги истражиме релациите меѓу семејните членови, семејната динамика и дисфункционалните обрасци кои го отежнуваат секојдневнтото функционирање. Низ процесот, креираме здраво семејство, квалитетна комуникација, се учиме на здрави механизми на одбрана и ги јакнеме снагите на семејните членови и семејството во целина за да можат полесно да се справат со сегашните и идни потешкотии и промени во семејниот систем.
Семејните членови учат здрави обрасци на комуницирање и мирно решавање на конфликти, ги јакнат релациите и ја зголемуваат блискоста но истовремето поставуваат здрави меѓусебни граници. Кога позитивната промена ќе се доживее од барем еден член, таа се шири како бран низ целото семејство. Секое семејство има свои предизвици, но со заеднички напори, можеме да ги надминеме и да создадеме здраво, резилиентно и хармонично семејство.

