+389 78 266 604 elenachikos@gmail.com

Совети и новости

ЕМОЦИОНАЛНА ДОСТАПНОСТ: Клучот за негување на здрави врски

Да се ​​биде емотивно присутен во врската значи да се биде присутен, внимателен и одговорен на емоционалните потреби на другиот.Емоционалната достапност ја покажува индивидуалната способност и волја да ги споделиме и воедно да одговориме на емоционалните искуства на поддржувачки, отворен и ненаметлив начин кон партнерот/ката. Ова е подеднакво значајно во сите релации кои ги градиме секојневно: семејни, пријателски, партнерски, љубовни и тн.  Емоционалната достапност игра критична улога во градењето на здрави, сигурни врски, поттикнување на интимност, доверба и разбирање меѓу луѓето.  Луѓето, партнерите кои се емоционално достапни не се само физички присутни во интеракциите туку покажуваат емпатија респонзивност и способност за внимавање и одговарање на емоционалните потреби на другиот.

Прочитај повеќе

Безбедната средина во терапијата: Клучот за ефикасно лекување и личен раст

Безбедна средина во терапијата е простор во кој отворено може да се поделат најдлабоки чувства и мисли, нешта кои не би се осмелиле да ги кажеме на друго место. Безбедната средина може да се визуелизира како виртуелен простор меѓу терапевтот и клиентот во вид на кожурец во кој и двајцата се чувствуваат сигурни и заштитени од надворешниет опасности.

Истражувањата покажуваат дека клиентите кои имаат чувство на доверба и безбедност во терапевтската средина имаат поголема веројатност да постигнат позитивни резултати од терапијата.  Но, како се гради ова чувство на сигурност? На кој начин безбедната средина во терапевтски контекст ни го овозможува тоа? Како да препознаете дека сте изградиле безбедна средина со вашиот терапевт? 

Прочитај повеќе

Грижа за менталното здравје во училишни транзиции: Стратегии за успешен старт за деца и родители

Важен процес за секој ученик и родител е подготовката за училиште. Покрај набавката на училишни материјали и опрема не смееме да заборавиме на менталната подготовка за училиште и грижата за менталното здравје во овој период. Започнувањето во прво одделение, транзицијата во предметна настава или пак преодот во средно училиште носат дополнителни ризици и стравувања подеднакво кај учениците и нивнте родители.

Прочитај повеќе