Услуги
Online терапија
Со развојот на технологијата добивме нов, современ пристап кон менталното здравје, кој ви овозможува да добиете поддршка и совети од удобноста на вашиот дом.
Walk&talk;
Walk and Talk терапијата е терапевтско искуство во природна околина, каде што ги спојуваме физичката активност и личните разговори за да ги подобриме вашите ментални и емоционални состојби
Групна терапија
Групната терапија е вашата можност да се поврзете со други кои поминуваат низ слични предизвици. Во поддржувачка и доверлива средина, заедно со стручен терапевт, ќе споделувате искуства и ќе учите едни од други.
Партнерска терапија
Партнерската терапија е патување на двајца партнери кон подобрување на нивната врска, зголемување на задоволството од врската и наоѓање на хармонија.
Индивидуалната психотерапија
Преку индивидуална терапија, исто така може да работите на релациите со другите, особено со важните личности во вашиот живот.
Семејна терапија
Во сесиите, секој член на семејството ќе има можност да го изрази своето мислење и да биде слушнат.
За мене
Јас сум Елена Чикос,
системски семеен психотерапевт.
Во тераписката работа со поединци, парови и семејства користам системски пристап во комбинација со Арт техники и пристап насочен кон клиентот. Како социјален работник во Центарот за социјална работа на Град Скопје, повеќе од 15 години работам со поединци и семејства пружајќи психосоцијална поддршка преку градење на позитивни релации со клиентитте, оснажнување и советување. Тука го продлабочив моето професионално искуство во работа со парови кои поминуваат низ развод, постразводни семејства, работа со жртви од семејно насилство и работа со малолетници со деликвентно однесување.
Активно соработувам со здруженија на граѓани каде го градам моето искуство и сензибилитет во работењето со млади и ЛГБТИ+ лица. Низ мојата работа се стремам кон градење на автентичен однос базиран на емпатија, искреност и креативност. Верувам во личните снаги на клиентот во процесот кој води до промени и отворање на нови перспективи.
Каде може да помогнеме
Брачни кризи
Развод и постразводни семејства
Дисхармонија во партнерски врски
Предизвици во родителство
Анксиозни и депресивни состојби
Тагување и загуба
Интрапсихички конфликти и животни кризи
Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација (LGBTIQ+)
Асоцијално поведение кај деца и млади
Специфични кризи кај млади лица
Унапредување на ментално здравје
Личен развој
Закажете бесплатна консултација
+389 78 266 604
Барањето на помош не е знак на слабост туку решителност да останеме силни!
Ајде да разговарамеКонтакт
Локација:
Ул.Владимир Комаров 6-2/3, Скопје Северна Македонија
Email:
elenachikos@gmail.com
Телефон:
+389 78 266 604